БЕЗ СОБРАНИЕ И КОМИСИЈА, НЕ МОЖЕ НИТУ ДА СЕ РАЗРЕШИ Катица, НИТУ ДА НАЗНАЧИ ВРШИТЕЛ НА ДОЛЖНОСТ

22.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
БЕЗ СОБРАНИЕ И КОМИСИЈА, НЕ МОЖЕ НИТУ ДА СЕ РАЗРЕШИ Катица, НИТУ ДА НАЗНАЧИ ВРШИТЕЛ НА ДОЛЖНОСТ

Околку тезата на РЈО Љубомир ЈОвески, и спротиставениот став на претседателот на Советот на обвинители Коле Штерјев, објаснување за законските одредби даде и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Еве што наведува:

 

И изборот (член 3) и разрешувањето (член 18) на СЈО е регулирано со специјалниот закон и не може и не смее да се применува друг закон.

Постапката е строга, зошто и институцијата е значајна.

Во двете постапки (и избор и назначување) Собрание на Република Македонија и Комисија за прашања на изборите и именувањата не може, ниту смее да се прескокнат, односно ниту да се разреши СЈО, ниту да се назначи вршител на функцијата СЈО без овие две инстанци во постапката.

Советот на Јавни обвинители во постапката за избор и назначување на СЈО може да постапува само по предлог на Собранието , претходно утврден од Комисијата за избори и именувања , а изгласан со двотретинско и бадинтерово мнозинство.

Советот и на Јавни обвинители во постапката за разрешување може да постапува само како предлагач, односно да достави Извештај до Собранието за утврдено незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата СЈО. Конечната одлука во оваа постапка ја носи Собранието на Република Македонија.

Се друго е надвор од законите, пишува Илија Димовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата