“Кога Брега напиша песна на албански му реков: Ова сега ти помина и никогаш повеќе“

22.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Кога Брега напиша песна на албански му реков: Ова сега ти помина и никогаш повеќе“

"Каква порака јас носам во тогашна Југославија на нејзините народи и народности? Јас кој сакав да внесам модерен културен дух, наеднаш влегувам во дневнополитичко прашање. Тоа на некој начин беше иницијална каписла за раздор и после тоа во 1984 година се распаднавме“, рекол Бебе.

 Жељко Бебек прв пат раскажал зошто го напуштил култниот сараевски бенд Бело дугме и колку навистина му сметала “политизацијата“ која Горан Бреговиќ ја внел во нивната музика.

"Промената во Бело дугме се случи оној момент кога Горан напиша песна на албански. Тоа беше прекрасен текст кој го напишале првенци на албанскиот театар од Скопје, тоа беше револуционерен потег, но тоа не бев јас. Тогаш му реков на Горан: ‘Ова сега ти помина и никогаш повеќе’, рекол Бебек.

На прашањето дали му сметал политичкиот акцент каде што песната снимена на албански се појавува две години после демонстрациите на Косово, тој рекол:

“Каква порака јас носам во тогашна Југославија на језините народи и народности?Јас кој што сакав да внесам модерен културен дух, јас наеднаш влегувам во дневнополитичко прашање. Тоа на некој начин беше иницијална каписла на раздор, во 1984 година се распаднавме“, рекол Бебек.

Тој раскажал дека песната “Косовка“ не била повод за негово замунување од Бело дугме, туку “песната како пробен балон која што после тоа во Бело дугме тргна да се менува ставот.

“ Толку од групата со која до тогаш се направивме, завладеа атмосвета во некоја иполитизирана смисла. Не е на мене да влегувам во театар каде што треба да играм некоја нова улога за која не сум подготвен. Бевма на Јахорина во момент кога се подготвуваше нов албум каде што на прашање “Дали ти ова би го пеел“?, јас му одговорив “Нема“. Го реков тоа и на минатиот албум кога се снимаше “Косовка“ во Скопје. Дека тоа е прв и последен пат. Така и се случи. Мислам дека Косовка не беше маркетинши трик на Горан Бреговиќ, но поради мои сомневања реков, толку од мене“, рекол Бебек.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата