Лари Кинг се разведува од својата седма сопруга

22.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лари Кинг се разведува од својата седма сопруга

Познатиот водител Лари Кинг (85), по 22 години брак, се разведува од својата седма сопруга, актерката Шон Кинг (59), пренесува „Пипл“. Сепак, како што тврдат странските медиуми, ова воопшто не е изненадување. Иако биле долго време заедно, нивните пријатели велат дека претпоставувале дека тоа ќе се случи.

Лари во еден период стравувал за своето здравје, а Шон наводно го изневерувала во 2016 година.

„Тој сфати дека не е среќен долго време. Тие се расправаа цело време, но Лари сакаше да ги заштити децата. Тие, всушност, се разделени десет години. Дури спијат и во одделни простории“, изјави пријател на Лари.

Лери и Шон се венчаа во 1997 година и имаат два сина, Шанси (20) и Канон (19). Во вторникот адвокатот потврди дека Лари ги предал документите за развод.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата