Нема место за Катица во привилегираните Хашки соби, БОКИ И ГО ЗЕМАЛ МЕСТОТО

21.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нема место за Катица во привилегираните Хашки соби, БОКИ И ГО ЗЕМАЛ МЕСТОТО

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која вечерва е донесена во истражниот затвор во Шутка, нема да биде сместена во тн. хашко привилегирано одделение, бидејќи таа услуга пред нејзе ја искористил првоосомничениот од аферата Рекет, Бојан Јовановски.

Во притворот во Шутка, наводно, важи правилото прв дојден, прв услужен, па Боки 13 како прв дојден ќе ја користи таа привилегија, а за Јанева ќе се бара друго чаре.

Но, нема место во привилегираните соби ни за второосомничениот Зоран Милевски – Кичеец.

Какво сместување ќе добие првата дама на СЈО, и првата специјална обвинителка во историјата на Шутка, сигурно ќе одлучат затворските служби, а наскоро ќе дознае и јавноста.

Секако дека има поделба на машко и женско одееление.

Јанева вечерва ќе преноќи во Шутка, а утре ќе и биде овозможено во полициска придружба да отиде во Гевгелија на погребот на нејзината мајка, која денеска починала.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата