(ВИДЕО) Додека ја апселе Јанева таа била дома со својот син, кој беше вработен во телевизијата на Боки 13

21.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ВИДЕО) Додека ја апселе Јанева таа била дома со својот син, кој беше вработен во телевизијата на Боки 13

Пред да биде приведена специјалната обвинителка Катица Јанева била со својот син во домот во Козле.

Таа на видеото на А1.он се гледа како комуницира со синот кој инаку работеше во 1Тв кај Боки 13 и со својот возач.

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, а во врска со предметот „Рекет“.

Таа се сомничи дека ја злоупотребила службената позиција и остварила лична корист со тоа што, најпрво влијаела за ослободувње од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничениот за „Империја“ со негово прифаќање како сведок во постапката.

Јанева остварила лична корист од околу  290 илјади денари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата