Албански брод спаси 36 Авганистанци од Егејското море

21.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Албански брод спаси 36 Авганистанци од Егејското море

Албанското министерство за одбрана соопшти дека нивни брод, кој пловел во Егејското море спасил 36 Авганистанци, кои се обиделе да дојдат до Грција.

Албанската министерка за одбрана Олта Џака, напиша на Твитер дека 19 деца од Авганистан, осум жени и девет мажи се спасени во соработка со албанскиот брод и Фронтекс.

Таа исто така напиша дека пронајдените лица се предадени на локалните власти но не е јасно каде биле најдени авганистанските мигранти.

Албанија, НАТО членка од 2009 година, е дел од поморската алијанса на западните земји во Егејското море.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата