Која опасна теза денес ја наметнува државниот обвинител Јовевски?!

21.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Која опасна теза денес  ја наметнува државниот обвинител Јовевски?!

ЈО денес имаше прес конференција по повод апсењето на шефицата на СЈО Катица Јанева. На новинарско прашање кој сега ќе биде шеф на СЈО и како тие понатаму ќе работат државниот обвинител Јовевски се впушти во коментари со наметнување решение кое е надвор од неговите овластувања. Пред месец дена му кажуваше на Кривичниот суд Скопје како треба да работи, а сега му наметнува решение и на Советот на јавни обвинители.

Имено, Јовевски рече дека сега Советот на јавни обвинители треба да избере вршител на должност за шеф на СЈО од редот на помошниците обвинители на Катица Јанева и, патем, се повика на завршните одредби од Законот за СЈО иако таму тоа - не го пишува.

Закон за СЈО, чен 18: 2. Разрешување Член 18 (1) Јавниот обвинител се разрешува од функција пред истекот на мандатот поради незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата. Доколку Советот на јавни обвинители започне постапка за разрешување на јавниот обвинител, Советот на јавните обвинители во разумен рок ќе достави извештај за утврдената фактичка состојба и основите за разрешување до Собранието на Република Македонија. Извештајот ќе биде достапен на јавноста преку комисиите во Собранието на Република Македонија, освен доколку некоја од комисиите не го одложи или спречи објавувањето на дел и на целиот извештај, доколку најде за потребно да се заштитат правата на секое лице наведено во извештајот, или да спречи недозволено влијание во кое било кривично гонење

(2) Врз основа на доставен извештај од страна на Советот на јавни обвинители, на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието на Република Македонија, по претходна согласност на четирите политички партии со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија, Советот по предлог на Собранието на Република Македонија, го разрешува јавниот обвинител. Собранието го утврдува предлогот за разрешување на јавниот обвинител до Советот на јавни обвинители со двотретинско мнозинство, вклучувајќи и мнозинство од гласовите на пратениците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство, и ќе го поднесе до Советот.

Преодни и завршни одредби Член 23 (1) Овој закон влегува во сила истиот ден од денот на неговото објавување во „Службен весник на Република Македонија”. (2) Собранието на Република Македонија ќе утврди предлог за јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите на денот на влегувањето во сила на овој закон. (3) Советот на јавни обвинители го избира јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите на денот на влегувањето во сила на овој закон.

Според Законот за СЈО никаде не стои дека ако се разреши и престане функција на чефот на СЈО Собранието нема ингеренции, туку Совет на обвинители бира нов чеф на СЈО. 

Државниот обвинител Љубомир Јовевски повторно врши, овојпат исклучително опасна теза на линија на политиката и интересите на СДСМ, суспензија на институции во случајов на Собрание и се очекува одговорот од пратениците на ВМРО ДПМНЕ да биде многу конкретен, па и барање за разрешување на Јовевски заради овие намери и негови неовластени јавни суспензии на суд и Собрание.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата