Амал и Џорџ Клуни повторно очекуваат близнаци

21.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Амал и Џорџ Клуни повторно очекуваат близнаци

Веќе некое време се зборува дека американскиот актер Џорџ Клуни (58) и адвокатката Амал Аламудин (41) не се во среќен брак. И додека тие ниту ги негираа, ниту ги поддржаа овие написи, странските медиуми објавија дека наскоро доаѓаат принови во семејството.

Откако ги добија близнаците Александар (2) и Ела (2) во јуни 2017 година, двојката, наводно, повторно очекува – близнаци.

Извор близок на двојката тврди дека додека престојувал во нивниот италијански имот на езерото Комо, открил дека Амал има трудничко стомаче и дека тоа уште повеќе ги зближило. Џорџ се радува на проширувањето на семејството, но сепак го мачи како ќе издржи со уште едни близнаци, со оглед дека Александар и Ел се сè уште мали, според „Латин тајмс“.

Тој, исто така, истакна дека Џорџ на шега го прашал Бред Пит (55) дали може да им помогне околу чувањето на децата. Тој наводно планира да го праша Барак Обама (58) да им биде кум на крштевањето на децата, додека пријателките на Амал, Меган Маркл (38) и Мишел Обама (55), ќе бидат одговорни за забавата по повод пристигнувањето на новите близнаци.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата