Дете го земало автомобилот од дома, на полицијата ѝ рекло дека му станало непријатно на 140 км/ч

21.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дете го земало автомобилот од дома, на полицијата ѝ рекло дека му станало непријатно на 140 км/ч

Германската полиција соопшти дека осумгодишно момче го возело автомобилот на неговата мајка по автопат во западна Германија.

Локалната полиција информира дека добиле повик од мајката откако таа забележала дека нејзиниот син и „голфот“ исчезнале, пренесува агенцијата АП.

Момчето било пронајдено на попатно стојалиште на автопатот, при што ги вклучило сите трепкачи на возилото и поставило триаголник за опасност.

Според агенцијата, тој на полицијците им рекол дека запрел затоа што му станало непријатено на автопатот при брзина од 140 километри на час.

Мајката изјавила дека момчето редовно вози картинг и дека претходно вежбало да вози вистински автомобил на приватен имот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата