Сообраќајна несреќа во Охрид, 61-годишна жена се здоби со тешки повреди

21.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сообраќајна несреќа во Охрид, 61-годишна жена се здоби со тешки повреди

Вчера на улицата „Илинденска“ во Охрид се случи сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила управувани од охриѓани на 61 и 23-годишна возраст.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 61-годишната жена,  а со телесни повреди се здобил мажот од другото возило, по што биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата