Тешка сообраќајка во ОХРИД: Се судрија два абтомобила, има повредени

21.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тешка сообраќајка во ОХРИД: Се судрија два абтомобила, има повредени

Во текот на вчерашниот ден во 15: 25 часот на улица „Илинденска“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес А170“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.С.(61) од Охрид и патничко возило „опел зафира“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(23) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.С., а со телесни повреди се здобил А.Н. по што биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата