Прилепчанец падна од мотор и заврши во болница со тешки повреди

21.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прилепчанец падна од мотор и заврши во болница со тешки повреди

Вчера напладне на регионалниот пат Прилеп – Крушево, 46-годишен прилепчанец, со иницијали Е.Р., управувајќи мотоцикл изгуби контрола и падна на коловозот.

Како што соопшти МВР, во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата