Роналдо најави одење во пензија?!

21.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Роналдо најави одење во пензија?!

Кристијано Роналдо во разговор за португалската телевизија ТВИ зборуваше за својата иднина. Тој повеќе од деценија е еден од најдобрите играчи на светот, благодарение на своето фудбалско знаење, но и одличната физичка подготвеност. Повеќекратниот освојувач на Златната топка има 34 години, меѓутоа по формата и начинот на кои игра остава впечаток дека е многу помлад.

Во разговор за телевизијата ТВИ изјави дека можно е следното лето да ја заврши кариерата, но, исто така, би можел да игра уште најмалку шест години.

„Би можел кариерата да ја завршам следната година, но можам да играм и до свои 40. или 41. година. Не знам, секогаш кажувам дека треба да се ужива во секој момент“, изјави Роналдо и додаде:

„Сегашниот е одличен и треба да уживам во него. Мислам дека ниту еден играч нема толку рекорди како мене, веќе сум во фудбалската историја.“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата