Каков татко - таков син! Давид Велков со успешен настап на светски натпревар во Кина

21.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Каков татко - таков син! Давид Велков со успешен настап на светски натпревар во Кина

Давид Велков, помладиот син на нашиот врвен хармоникаш и композитор Сашко Велков, пред два дена се врати од Кина каде беше дел од 72. Светски куп мудијал (World Accordion Championships), каде го освои одличното 13 место од вкупно 58 пријавени кандидати. Велков помладиот на натпреварот одржан во Шенжен, се натпреваруваше свирејќи класична музика во категоријата Masters coupe mondiale.

Давид, инаку е трета година на Факулетот за музичка уметност (хармоника) во класата на професорката Зорица Каракутовска, која е и главниот виновник за освојувањето на оваа награда и која беше и дел од жири-комисијата на ова врвно светско натпреварување, кое се одржа во периодот од 12 до 17 август.

За овој натпревар се подготвував три месеци, што навистина е мал период за подготовка за светски натпревар од овој вид, каде конкуренцијата е преголема“, вели Давид, кој веќе има освоено многу награди, меѓу кои и една прва во категоријата јуниори во жанрот фолк музика, и тоа во соседна Србија. Вели, оваа награда му е драга затоа што не е лесно паралелно да се свират два различни жанра – класика и фолк, иако признава засега повеќе е посветен на класичната музика. Со овој избор на Давид се согласува и неговиот татко, виртуозот на хармоника, маестро Сашко Велков.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата