Милан го бара ЛУКА Јовиќ од Реал Мадрид

20.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милан го бара ЛУКА Јовиќ од Реал Мадрид

Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ уште ова лето би можел да го промени тимот. Според „Газета дело спорт“ италијанскиот клуб Милан е блиску до ангажирање на 21-годишниот Србин кој ќе дојде на позајмица во Милано.

Со ангажманот на Јовиќ, „росонерите“ би добиле повеќе опции во нападот, а фудбалерот повеќе минутажа за разлика од таа што ја добива во Мадрид.

Претходно, шпанските медиуми објавија дека за време на претсезонскитде подготовки Јовиќ не го убедил тренерот на Реал, Зинедин Зидан, и тој не смета на него за првиот тим.

За потсетување, Јовиќ беше купен од Франкфурт Ајнтрахт во јуни за 60 милиони евра.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата