Филип Талески повеќе не е ракометар на Рајн-Некар Левен

20.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Филип Талески повеќе не е ракометар на Рајн-Некар Левен

Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Талески денеска спогодбено го раскина договорот со поранешниот германски шампион, Рајн Некар Левен. Тој останува во германската Бундес лига и во следната сезона ќе биде дел од тимот на Балинген.

Причината за заминувањето од Рајн Некар е малата минутажа која ја добиваше кај тренерот Јакобсен, но и неговиот наследник го стави Талески во втор план, по што македонскиот репрезентативец побара и доби раскин на договорот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата