Санчо ќе заработува по 6 милиони евра за сезона во Дортмунд

20.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Санчо ќе заработува по 6 милиони евра за сезона во Дортмунд

Германскиот фудбалски вице-шампион, Борусија Дортмунд ќе го обнови договорот на една од своите млади sвезди, Џејдон Санчо со значително подобрени финансиски услови, пренесува „Билд“.

Деветнаесет годишниот Англичанец играше одлично минатата сезона за „жолто-црните“, забележувајќи 13 голови и 19 асистенции на 43 официјални средби. Тој ја продолжи својата низа со уште 2 гола и 2 асистенции во првите три натпревари за време на оваа сезона.

Добрите настапи на Санчо го разбудија интересот на неколку од водечките клубови во англиската Премиер лига, а Борусија Дортмунд прават се што можат за да го задржат талентот.

Тој има договор со Дортмунд до летото 2022 година, но според новиот договор, неговата плата ќе се удвои на 6 милиони евра по сезона.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата