Бектеши: Убедени сме дека Косово во најкраток можен рок ќе ги укине бариерите за компир и мед

20.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бектеши: Убедени сме дека Косово во најкраток можен рок ќе ги укине бариерите за компир и мед

До крајот на неделата Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово треба да испрати извештај до македонската Агенцијата за храна и ветеринарство со анализа на соодветната програма за следење на производите од икра и материјал за порибување од Косово.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска на средба со косовскиот министер за трговија и индустрија, Ендрид Шала, во Приштина кажа дека откако ќе бидат доставени сите потребни документи од косовска страна тогаш ќе биде донесена одлука со којашто ќе се овозможи увоз на икри и материјал за порибување од Косово.

„Јас утре писмено ќе го известам министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрид Шала, дека во моментот кога тие ќе ги достават тие документи, ние ќе им дозволиме да увезуваат икра и подмладок во Северна Македонија. Очекувам откако ќе го добијат писмото тие да ги укинат бариерите за компир и за мед“, истакна Бектеши.

Министерот информираше дека мерката не е преземена само за Косово, туку е мерка преземена за сите земји што не спроведуваат активен и пасивен мониторинг во врска со рибните производи.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, вели дека неопходно е да се верификува дали Косово соодветно испитува можност за појава на болести кај рибните производи.

„Откако ќе добиеме такво уверение дека ги запазуваат сите процедури тогаш ќе биде отстранета бариерата за увоз во Северна Македонија“, нагласи тој.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата