Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

19.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја даде изјавата во пограничниот град Шопрон, првиот во кој пред 30 години беше отстранета „Железната завеса“.
        
„Ако ги погледнете работите гео-стратешки и ја погледнете картата, Европа навистина ќе биде обединета со државите од Западен Балкан“, изјави таа пред новинарите.
        
Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија имаат кандидатски статус, додека Босна и Херцеговина и Косово се потенцијални кандидати за ЕУ.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата