Најдобриот типувач на Sport Life доби „пежо 308“

19.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најдобриот типувач на Sport Life доби „пежо 308“

Во саботата на 17 август, во Охрид, Sport Life го прогласи најдобриот од сите играчи во финалето на Типстер-купот од втората пролетна етапа и му ги врачи клучевите од главната награда – Peugeot 308. Победник е Игор Ристевски од Скопје, кој со вкупно 70.815 бода во финалето го освои првото место.

Sport Life за своите играчи и лојални членови обезбедува секогаш интересна понуда, со највисоки бонуси. Во моментот имаме над 1.000 игри и можности за добивка, а Типстер-купот е традиција која со години им дава можност на учесниците да добијат вредни награди. Оваа година доделивме два автомобила „пежо 308“ како главна награда за најдобрите типувачи, истакнуваат од Sport Life.

Втората пролетна етапа траеше четири месеци, почнувајќи на 1 февруари, па сè до 30 мај, со финале од 10 до 30 јуни. Новата сезона на Типстер-купот почнува на 1 септември 2019 година, а од Sport Life најавуваат изненадување во однос на главната награда.

Типстер-купот е натпревар како дел од програмата за лојалност и рангирање на редовните играчи на Sport Life. Со своите веќе уплатени тикети, сеедно дали се погодени или не, играчите, т.е. членовите во клубот Sport Life се натпреваруваат кој е поуспешен во типувањето.

(ПР-текст)

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата