Сопственици на „ајфон“ не сакаат да одат на состаноци со корисници на „андроид“

19.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сопственици на „ајфон“ не сакаат да одат на состаноци со корисници на „андроид“

Убавиот изглед, шармот и смислата за хумор се карактеристики со кои најчесто можете да привлечете некого, но кај некои корисници на „ајфон“ ваквите одлики на личноста стануваат ирелевантни.

Поточно, има одреден број на луѓе кои поседуваат „ајфон“ телефони и кои, според истражување на „Њујорк пост“, не сакаат да излегуваат со оние што имаат друг вид на телефон.

Ако мислите дека ова е ограничено само на помладата популација, новинарката на овој портал, Хана Фришберг, вели дека истото се однесува и на некои возрасни кои се грижат за бојата на балончето во кое пристигнуваат пораките.

Во случај да не знаете за што станува збор, сопствениците на „ајфон“ кога се допишуваат еден со друг бојата на нивните пораки е сина. Доколку, пак, сопственик на „ајфон“ се допишува со корисник на „андроид“, пораките кои пристигнуваат се во зелено балонче. Тоа изгледа им е многу важно на одредени луѓе, па врз основа на типот на телефонот кој го имаат нивните соговорници одлучуваат дека не сакаат да се забавуваат со такви луѓе.

„Доколку пораката не е сина, нема да губам време флертувајќи со таа личност. Само ќе се запрашам зошто не користи ‘ајфон’“, рекла Кејти Мекдонау, една од интервјуираните.

Додека андроид уредите доминираат на пазарот, припадниците на помладата генерации имаат невообичаена врска со производите на „Епл“ се многу повеќе приврзани со нив од другите сопственици на уреди, што беше потврдено и во анализа спроведена минатата година.

Многумина ја припишуваат оваа врска на т.н. екосистем на „Епл“, кој најдобро може да се опише како систем на апликации и услуги што ги навлекува сопствениците на уреди на „Епл“ да се навикнат на него и да останат верни на брендот.

Сепак, некои очигледно решиле да го пренесат ова на малку подлабоки одлуки.

Во ваквата група на луѓе припаѓа и Кејти (23), која тврди дека комуникацијата со сопствениците на „андроид“ е тешка од неколку специфични причини.

Имено, таа сака да гледа три точки што се појавуваат кога и пишува друго лице, сака да го гледа известувањето дека пораката е доставена и можност да одговори на порака со „хаха“ или срце.

„Ме одива ситуација кога ќе видам дека немаат ‘ајфон’. Кога на ‘Тиндер’ ќе размениме броеви со некого секогаш се надевам дека неговите пораки ќе бидат сини. За мене тоа е вистинско олеснување“, објаснила таа.

Џејкоб Ландсмарт (23) сопственик на „андроид“ е свесен за овој тренд, но и дека ваквиот, како што рекол, снобизам може да ги намали неговите шанси кај некои девојки.

„Дефинитивно е нешто од што малку се плашам“, бил искрен тој.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата