Зак Ефрон се пофали со своето мускулесто торзо

19.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зак Ефрон се пофали со своето мускулесто торзо

Американскиот актер Зак Ефрон (31) стана популарен со  улогата во мјузиклот „High School Musica“. Миленикот на тинејџерките тогаш имал само 18 години, а обожавателките ги придобил благодарение на убавиот глас и коса. Во меѓувреме, Ефрон го смени изгледот, се набилда и глуми во трилерот за убиецот Тед Банди, „Extremely Wicked, Shockingly Evil and Vile“.

Зак мораше да ослаби за улогата на Банди, поради што беше на ригорозна диета.

Актерот неодамна на социјалните мрежи се пофали со фотографии направени на езерото Кроули, Калифорнија. Ефрон позира гол на фотографиите, на кои се гледа неговото мускулесто торзо.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата