Осудена мајката што повеќе од 320 пати го одвела синот во болница, а тој бил здрав

19.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Осудена мајката што повеќе од 320 пати го одвела синот во болница, а тој бил здрав

Жена од Тексас е прогласена за виновна и се соочува со можност да помине 20 години во затвор бидејќи својот син го подложувала на непотребно лекување, вклучително и да го однесе во болница повеќе од 320 пати.

Кајл Буен Рајт беше осудена во четвртокот во судот во Далас, нејзината казна ќе биде објавена во октомври, а таа би можела да помине две децении зад решетки.

Центарот за социјална помош ѝ го одзеде детето на оваа жена во 2017 година, откако во болницата во Далас е утврдено дека момчето нема карцином, како ни многу други болести за кои Буен тврдела дека ги има нејзиниот син.

Според „Фокс њуз“, момчето било во болниците во Далас и Хјустон најмалку 323 пати, па дури имало и 13 ситни операции помеѓу 2009 и 2016 година.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата