Алтернатива за „Рекет“: Да не дозволиме од успешна приказна да се претвориме во септичка јама

19.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Алтернатива за „Рекет“: Да не дозволиме од успешна приказна да се претвориме во септичка јама

„Очекуваме да се изнајде некој во оваа држава кој ќе има државна свест и совест и кој ќе посакува Северна Македонија да не се претвори од успешна приказна, која се одвиваше овие две години, во ‘септичка јама’, во која ќе цути организираниот криминал и корупцијата“. Ваков е ставот на политичката партија Алтернатива на Африм Гаши, од каде денеска се осврнаа на случувањата со аферата „Рекет“.

Независно од нивната моментална политичка позиција, нагласуваат од Алтернатива, тие остануваат на ставот дека селективната правда е уривање на државата.

„Почитувајќи ја презумпцијата на невиност, не си даваме за право да присвоиме улога на судија, но затоа го повикуваме Основното јавно обвинителство за случајот ‘Рекет’ да има најголема посветеност и, притоа, никој да не биде амнестиран, кој и да бил тој и каква и да е функција да има. Криминалците и рекетарите имаат само еден заеднички идентитет на криминал и рекет“, нагласуваат од партијата на Гаши.

Алтернатива ја потврди поддршката за Законот за Јавното обвинителство, со што се предвидува и СЈО да стане дел од Основното јавно обвинителство и нагласи дека остануваат на ставот оти со новото Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција треба да раководи Албанец.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата