Денеска средба меѓу Макрон и Путин

19.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Денеска средба меѓу Макрон и Путин

Лидерите на Франција и Русија, Емануел Макрон и Владимир Путин, попладнево ќе се сретнат во Брегансон – летната резиденција на францускиот претседател, само пет дена пред самитот на Г7 во Бијариц.

Како што минатата недела најавија од Кремљ, разговорите ќе се фокусираат на соработката на Русија со Европската унија.

Советникот за меѓународни работи на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, истакна дека ова прашање е особено интересно поради неодамнешните промени во раководството на водечките европски институции.

„Русија постојано ја искажува својата подготвеност да продолжи со политичкиот дијалог со ЕУ. Ние сакаме да ги обновиме контактите со раководството на Европската комисија и другите институции на ЕУ“, нагласи Ушаков.

Најавено е дека Путин и Макрон, исто така, ќе разговараат за плановите за одржување нов самит на четворката за Сирија, а меѓу останатите теми на средбата ќе бидат Иран и неговата нуклеарна програма и ситуацијата во Либија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата