Кина престана да купува нафта од Венецуела

18.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кина престана да купува нафта од Венецуела

Најголемата кинеска нафтена компанија ЦНПЦ, одлучи да престане да ја купува венецуелската нафта. Ова се должи на заострувањето на санкциите на САД против Венецуела, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.

Според агенцијата, кинеската ЦНПЦ се откажала од набавка на пет милиони барели нафта, како и од планираниот натоварување на суровини за овој месец.Ова е прв пат во последните десет години официјален Пекинг да престане да ја купува венецуелската нафта. Кина досега увезувала 339.000 барели нафта на ден од Венецуела.
        
Сепак, овој случај не значи дека Кина и Венецуела целосно ги раскинале договорите за снабдување на енергенси.На 5 август американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за блокирање на имотот на венецуелските власти под јурисдикција на САД, на тој начин ставајќи ја на списокот и централната банка и државната нафтена компанија ПДВСА. Кон крајот на мај беше објавено дека Кина, по стапувањето на сила на санкциите на САД, ставила крај на набавката на нафта од Иран.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата