Се степале двајца скопјани – едниот му нанел повреда со нож, другиот го удрил со возило

18.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се степале двајца скопјани – едниот му нанел повреда со нож, другиот го удрил со возило

Вчера во во 20,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населбата Гоце Делчев, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу скопјаните Б.А.(22) и Д.А.(31) поради претходно нарушени меѓусебни односи.

Според МВР, Д.А. употребил и остар предмет и на Б.А. му нанел повреда на десната рака, по што повредениот влегол во своето возило и со него го удрил Д.А. По расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информира МВР.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата