Гечевски и Антиќ му одговорија на Зоре Темелковски: Преку КФМ продавал шеќер на Иноспектар

18.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гечевски и Антиќ му одговорија на Зоре Темелковски: Преку КФМ продавал шеќер на Иноспектар

Легендите на македонската кошарка Тодор Гечевски и Перо Антиќ кои сега ја предводат Кошаркарската Федерација на Македонија реагираат на обвинувањето од Зоре Темелковски во врска со почетокот на новата сезона.

Темелковски од Антиќ кој е претседател на КФМ и Гечевски кој е спортски директор побара да не даваат изјави како бирократски административци, туку да најдат начин и пари за да се игра кошарка односно навреме да започнат кошаркарските лиги.

На изненадување на сите одговорот стигна од Гечевски кој е познат како човек што ретко коментирал дури ни за најголемите проблеми.

“Не сум пишувал коментари на Фејсбук никогаш ама ова не се издржува ова веќе. Господинот што се претставува како прв претседател на КФМ не е прв како што кажува. Можете да проверите каде сакате.

Купуваше шекер по 28 денара од Јужна Америка од КФМ па да продава по 21 денар на Ино спектар.

Ги тераше репрезентативците да ги фарбаат патиките со аутолак за да нема казни. Ние освоивме 4 место а не ни ги даде ни дресовите за спомен. Кога сакате може да ме контактирате да ви објаснам за таканарачемиот прв претседател на КФМ. Се ќе ви одговорам. Поздрав до спортската јавност”, пишува Гечевски во одговорот на Темелковски.

За Перо Антиќ прашање е дали Темековски воопшто може да се нарече човек.

„Има уште што да се каже за тој човек, ако може да се нарече така. Ама тоа во свое време“ искоментира Антиќ на барањето на Темелковски раководатвото на КФМ да не го уценува клубовите со плаќање на котизација туку да најде спонзор за почеток на лигите во кошарка.

Синот на Темелковски предходно беше противкандидат на Антиќ за нов претседател на КФМ но се откажа од трката.

Коментарите за Темелковски Антиќ и Гечевски ги даваат во коментар на текст на екипа.мк.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата