Блиндиран Мерцедес за 600.000 евра, а сега цвеќиња и пластични цвеќиња за 730.000 евра и тоа годишно

18.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Блиндиран Мерцедес за 600.000 евра, а сега цвеќиња и пластични цвеќиња за 730.000 евра и тоа годишно

Владата се соочува со нов скандал а тоа е набавката на цвеќиња, природни и вештачки, за одржување на зелените површини за што само владата ќе плати 783 000 евра за една година.  Според објавата на Електронскиот систем за Јавни набавки склучен е договор со друштвото за производство, трговија и услуги „Триста-груп“ ДООЕЛ Скопје.

Ова е најголем износ за цвеќиња кои, патем, во еден дел и се изнајмуваат од фирмата Триста што било која влада во Македонија од осамостјувањето го платила за оваа намена. Бизнисот со цвеќиња сам по себе е сомнителен и затоа што никогаш нема да се утврди колку цвеќиња се навистина засадени, колку се режани цвеќиња испорачани и колку пластични цвеќиња се изнајмени на одредено време бидејќи се работи за производ кој е времено присутен и не може да се утврди со попис, а парите во износ од 783.000 ќе се дадат. 

Претходно, максималната сума која владата и ја платила на фирмата Триста, била 47.000 евра. Меѓу скапите клиенти на фирмата е и општина Карпош со 56.000 евра. Општина Кисела Вода и платила на Триста дури 40.000 евра за цвеќиња. Кога ќе се соберат сите износи кои владата и општините предводени од СДСМ ги даваат за оваа намена износот е околу 900.000 евра и сите тие решиле набавките да ги прават само од една фирма, од Триста дооел Скопје.

Според реакциите на ВМРО ДПМНЕ при промена на власта една од работите кои ќе бидат анализирани како сомнителни ќе биде и овој тендер.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата