Жељко Самарџиќ оздраве, и запеа во кафана - во Охрид!

18.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жељко Самарџиќ оздраве, и запеа во кафана - во Охрид!

Познатиот српски пејач Жељко Самарџиќ овој викенд го поминува во Македонија.

Пејачот на својот Инстаграм профил се пофали дека е дел од еден отворен фестивал во Струмица, но и дека ужива во преубавиот Охрид.

Самарџиќ изгледа одлично и ги израдува фановите кои се загрижија за неговото здравје откако неодамна објави дека му е откриена болеста Хашимото која е смалена функција на штитните жлезди.

-Од моментот кога дознав за болеста како да ми се сруши светот, не ни знаев што ми е. Сега продолжувам со нормалниот живот, бидејќи редовно ја земам терапијата на секој три месеци идам на контрола и проверувам крв. Мене болеста ме промени од корен, а јас порано земав чаша ракија или вино, но сега тоа не можам да го направам, бидејќи го чувам гласот. Кога тоа ми функционира се е ОК, вели Самарџиќ за српските медиуми.

Тој во преубавиот Охрид запеа и македонска песна, но и стана да игра во преполната кафеана, погледнете.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата