Пожарот над скопските села ставен под контрола, догаснувањето продолжува утре

17.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пожарот над скопските села ставен под контрола, догаснувањето продолжува утре

Ставен е под контрола шумскиот пожар кој избувна утрото околу 10 часот над скопските села Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци.

Противпожарните единици се повлечени од теренот, а догаснувањето ќе продолжи утре. Заменик-командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески рече дека нема можност за ширење на пожарот.

Пожарот избувна утрото околу 10 часот на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци. Опожарена беше дабова и деградирана шума.

Во гаснењето на пожарот што беше отежнато поради непристапниот терен и ветрот, беа вклучени три противпожарни возила, неколку вработени во ЈП „Национални шуми“, а беше вклучено и месното население.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата