Дали знаете колку степени треба да биде во вашата спална соба за да имате квалитетен сон?

17.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дали знаете колку степени треба да биде во вашата спална соба за да имате квалитетен сон?

Дури и да уживате во топлите летни денови, веројатно ниту малку не сакате такви ноќи. Во текот на летото многу е потешко да имате квалитетниот сон, благодарение на високите температури, па затоа не е изненадувачки што повеќето бараат спас во вентилаторите, климите или отворање на сите прозорци во куќата.
Но, која е всушност температурата за постигнување на идеален квалитетен сон? Christopher Sun, основач и извршен директор на My Sheets Rock, верува дека вашата спална соба треба да биде помеѓу 15 и 19 степени целзиусови за да бидете сигурни дека ќе се разбудите одморени. Ако температурата во собата е повисока од препорачаната, поверојатно е дека ќе се превртувате во креветот во текот на ноќта и ќе се борите со несоница. Сепак, доколку не успеете да ја изладите просторијата на оваа температура, може да биде проблем и вашиот душек. Имено, докажано е дека луѓето кои спијат на душек со мемори пена повеќе се потат бидејќи го загреваат креветот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата