Лековита мешавина која за 10 дена ќе ви ги сопре болките во телото

17.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лековита мешавина која за 10 дена ќе ви ги сопре болките во телото

За овој неверојатен природен лек се вели дека ги ублажува болките кои се последица од остеопороза и остехондроза, и дека по употребата нема да чувствувате болка следните неколку години.

Оваа мешавина за масажа се приготвува со нерафинирано растително масло и сол (можете да користите морска сол). Лековитата мешавина се приготвува веднаш за за целиот тек на лекувањето. Ќе ви требаат 10 лажици сол и 20 лажици масло (маслиново, сончогледово).

Постапка:

Солта и маслото измешајте ги во некој стаклен сад. Затворете и измешајте. После неколку дена ќе добиете посветла смеса.

Примена:

Секое утро треба да се мачкате со енергична масажа на вратните пршлени и на местата кадешто чувствувате болка. На почеток масирајте се по 2-3 минути, секој ден додавајќи уште по 2-3 минути, за на крај масирањето да трае до 20 минути. По завршетокот на масажата, вратот избришете го со влажна, топла крпа. При спроведувањето на оваа процедура може да дојде до мала иритација на кожата. Затоа, по завршувањето на масажата, избришете ја кожата со сува крпа и нанесете малку детска пудра во прав.

Со десетдневната терапија се стимулира циркулацијата на крвта и се подобрува мускулната регенерација на ’рскавичното и коскеното ткиво.

Со оваа постапка се обновува протокот на крвта во вратниот дел на ’рбетот, исчезнуваат главоболките и се подобрува видот. Тоа се објаснува со прочистување на телото од токсини, и нормализирање на метаболизмот.

За време на овој процес, може да чувствувате блага поспаност или вртоглавица. Но тоа е ретка појава. По правило, лекувањето на остеохондозата на овој начин поминува без споредни ефекти и дава одлични резултати.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата