Како на филм: Авион слета на автопат во Хрватска

17.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Како на филм: Авион слета на автопат во Хрватска

На автопатот Загреб-Ријека авион од типот „цесна 150 М“ слетал среде коловозна лента. Читателите на 24сата.хр кои во тој момент биле во автомобилот, го снимиле принудното слетување. Сите биле шокирани.

„Почна да кружи по небото над нас, се спушти многу ниско, но и понатаму мислевме дека тоа е нормално, потоа сфативме дека тој навистина ќе слета. Малку се движеше по средина на патот додека со крилото не се заби во оградата и остана на лентата, а од авионот излегоа жена и маж преплаштени“, рекол читател за 24сата.хр кој ги снимили и видел.

Од хрватскиот автоклуб за инцидентот кој според првичните информации поминал без повредени лица, известиле како за „сообраќајна несреќа поради која се вози по една коловозна лента“.

Пожарникарите потврдиле дека интервенирале на лице место, но споменале дека за понатамошно постапување преземале пожарникарите на автопатот Загреб-Ријека кои излегле на терен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата