Другата страна на естрадата: ПУКАНО ВО ВИЗОЛОТО НА МАЈА БЕРОВИЌ

17.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Другата страна на естрадата: ПУКАНО ВО ВИЗОЛОТО НА МАЈА БЕРОВИЌ

Бендот на пејачката Маја Беровиќ во саботата после концерт во Мостар бил нападнат со огнено оружје. Имено, после големиот концерт во споменатиот град, нејзиниот бенд тргнал во хотел, а за време на возењето, непознати лица со два мотори и фантомки на главите со огнено оружје со пригушувач испукале неколку куршуми во гумите и ги избушиле сите четири гуми на комбе возилото во кое биле членовите на бендот.

Во тој момент Маја се наоѓала во друго возило и била шокирана кога видела дека пред неа лица на мотор пукаат во комбето во движење. Никој од членовите на бендот не бил повреден, но сите биле шокирани затоа што целата ситуација се одиграла за неколку минути. На лице место дошла полиција која извршила увид. По овој напад се огласи и пејачката:

-Искрено, бев во шок кога сфатив што се случило. Во земја во која сум родена гледав со сопствени очи како без никаква причина некој пука во комбето на мојот бенд. Притоа никој не ја знае вистинската причина за случката. Никој од нас не можеше да помисли дека ќе дојде до ова, а никој не ни имаше причина да направи вакво нешто. Поминаа скоро седум дена од целиот случај и се уште чекаме официјални резултати од полициската истрага. Исклучително ми е жал, благо кажано, за непријатноста која ја доживејаа моите пријатели. Едвај чекам целата приказна да добие свој официјален епилог - изјавила Маја.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата