ЗА КЕШ НЕМА ОБВИНЕНИЈА: Адријан Амзоски платил 260.000 евра на Боки13 за Јанева да му повлече обвинение?

17.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЗА КЕШ НЕМА ОБВИНЕНИЈА: Адријан Амзоски платил 260.000 евра на Боки13 за Јанева да му повлече обвинение?

СЈО нема повеќе кредибилитет. Нема кредибилитет ниту Катица Јанева, ниту некој од обвинителите кои постапувале по нејзините насоки и молчеле за целиот криминалот кој што се случува, ниту пак истражителите и останатите вработени. Сите се дел од криминална мрежа, обвинува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Пред само два дена имавме можност во медиумите да прочитаме дека има отворен сомнеж за платен рекет од 260.000 евра од страна на Адријан Амзоски на хуманитарната фондација на Боки 13, а најверојатно за возврат Катица Јанева најпрвин преземала надлежност врз обвинение од основното јавно обвинителство, а потоа истото тоа обвинение, односно обвинителен акт го повлекла во една кривична постапка која се водела против истиот Адријан Амзоски. Жалосно ни е ова што ни се случува, каде што Катица Јанева, Зоран Заев, Бојан 13 и сите околу нив биле недопирливи и вршеле тортури и рекет кон граѓаните. Класични и обични криминалци. Да одиме по ред, фактите и хронологијата велат вака:

Во март 2017 година е поднесен обвинителен акт од ОЈО против Адријан Амзоски и фирмата „ФИНЕ“ ДОО Скопје поврзана со изградбата на објектот „Космос“ каде што Адријан бил инвеститор. Се работи за нелегалностите во изградбата на објектот „Космос“ и обвинителниот акт бил во судот, рече Арсовски.

Според него, само една недела по доаѓањето на власт на СДСМ на 7-ми јуни, Бојан Јовановски односно Боки 13 го отвора „Меѓународен сојуз“ и на самото отворање се редат сите инволвирани во случајот „Рекет“ во моментот во кој што можеме да ги видиме и чуеме.

-Значи планот бил разработен, рекетарите подготвени, само требало основање, односно основачко собрание на пералницата на пари од рекет и целиот план да почне да функционира. Еден месец после ова или три месеци после обвинителниот акт против Адријан Амзоски и фирмата „ФИНЕ“, се поднесува обвинение од страна на СЈО и Катица Јанева за случајот „ТНТ“ односно за случајот „Космос“. После низа пропусти во постапките кои се тераа од страна на СЈО, за кои што уште тогаш укажувавме и ние и експертите дека се случуваат и СЈО не си ја работи својата работа онака како што треба во името на правдата, Катица Јанева веќе во октомври месец бара стварна надлежност на предметот против Адријан Амзоски и добива решение, исто така под низа нејаснотии кои ќе треба да ги објасни, под изговор дека истиот тој предмет, односно обвинителниот акт против Адријан Амзоски и „ФИНЕ“ ДОО е надлежност на СЈО заради поврзаноста со случајот „ТНТ“, вели Арсовски.

Тој истакна дека само една недела подоцна, Катица Јанева откако добива надлежност без никакво образложение, без ниту едно рочиште, без ниту еден доказ, без ниту еден сослушан сведок го повлекува обвинителниот акт врз Адријан Амзоски, токму тој практично е на слобода, што е преседан на правото.

-Но, зошто сето ова го направила Катица Јанева? Одговорот го знае целата јавност. Откако сето ова се завршило во корист на Адријан Амзоски и на фирмата „ФИНЕ“ ДОО и откако Адријан Амзоски бил безбеден, фирмата „ДРИМ БИЛДИНГ“ од Струга, каде што овластено лице бил истиот тој Адријан, а брат му и татко му биле дел од сопствеништвото на фирмата, префрла 260.000 евра или 16.103.986 денари на „Меѓународен сојуз“ на Боки 13 за проект кој што никогаш не е реализиран.Она што е интересно и зачудувачки е што фирмата „ДРИМ БИЛДИНГ“ во целата 2017 година остварила нето добивка од само 7.000 евра или 420.000 денари, а уплатила веќе во 2018 година кај Боки 13 260.000 евра. Целиот обрт на фирмата во 2017 не достигнува сума од 260.000 евра, туку нешто помалку од 230.000 евра или околу 14 милиони денари.Дали некој од институциите кои што се нормално партизирани од страна на СДСМ и под палка на Заев, се позанимавал да провери од каде е потеклото на овие пари кои легнале во „Меѓународен сојуз“ кај Бојан 13, бидејќи гледаме дека фирмата има добивка од само 7.000 евра, и практично прашуваме и сите се интересираме од каде нашле уште 253.000 евра да префрли кај Бојан 13? На кој начин се уплатени истите пари?

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата