Се реновира вториот кат од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

17.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се реновира вториот кат од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Со цел овозможување подобри услови за работа и пружање квалитетни услуги на корисниците на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Град Скопје периодов врши реновирање на вториот кат на оваа значајна градска културна установа.

После долг временски период во тек е комплетно реновирање на вториот кат во Градската библиотека “Браќа Миладиновци” со површина од 1.000 квадратни метри. Со реконструкцијата се опфатени одделот за странска литература, одделот за стари и ретки книги и архивски примероци, малите читални наменети за магистранти и докторанти, конференџиската сала и електронската читална.

Во библиотеката „Другарче“ во тек е поставување на товарен лифт, кој ќе биде наменет за пренесување на книги кои се обработуваат во одделението за обработка на книжен фонд и истите потоа се дистрибуираат до сите 18 библиотеки кои се во составот на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“.

За овие активности Град Скопје од буџетот одвои околу 15.000.000 денари.

Подобрувањето на условите во културните установи и континуирано подобрување на квалитетот на нивните услуги за корисниците и посетителите останува еден од врвните приоритети на Град Скопје.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата