Повредена жена во сообраќајна несреќа во Струмица

17.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Повредена жена во сообраќајна несреќа во Струмица

МВР информира дека вчера во 15.30 часот било пријавено дека во Струмица на крстосницата од булеварот ,,Гоце Делчев“ и улицата ,,Климент Охридски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило ,,мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од Б.С.(49) од село Рич и мопед ,,јијинг“ со струмички регистарски ознаки, управуван од А.К.(27) од село Дабиле.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.К.. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Струмица.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата