СРПСКИ КУРИР:

Боки 13 преку рекет добил 20 милиони евра! Во се се замешани премиерот Заев и министри?!

17.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Боки 13 преку рекет добил 20 милиони евра! Во се се замешани премиерот Заев и министри?!

Шок… Параван на Јовановски му била хуманитарната фондација која ја основал, а во нивните валкани работи вклучен е самиот државен врв на Македонија, наведува извор за српски Курир.

Уапсениот македонски водител Бојан Јовановски, познат како Боки 13, зел 20 милиони евра во кеш со рекетирање на бројни бизнисмени и фирми, открива Курир.рс!

Параван му била хуманитарната фондација која ја основал, а во неговите валкани работи бил вклучен самиот државен врв на Мекдонија со премиерот Зоран заев на чело и поедини министри во Владата, открива нивниот извор, која како што пишуваат е близок на македонските власти.

Контролирање на истрагата

Премиерот целата влада ја вклучил во своите валкани работи и во соработка со Боки 13  рекетирале по ред влијателни бизнисмени. Јовановски отворил хуманитарна фондација со помош на врските од Владата и Специјалното обвинителство, а потоа по ред ги рекетирал. од еден зел дури 750.000 евра, од друг 350.000, од трет 250.000 евра. Со тек на време стигнал до сума од 20 милиони евра во кеш, наведува нивниот извор.

Тој додава дека тие секогаш не можеле да го оправдаат потеклото на парите, па затоа ги префрлувале на сметките на повозрасни жени, главно инвалиди, кои во замена за таа услуга добивале мал процент, навел изворот.

Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека не рекетирале бизнисмени само Боки 13 , Зоран Милески и специјалната обвинителка Катица Јанева, туку и многу други луѓе блиски на Зоран Заев:

Ова е најголем скандал во изминативе 29 години, откако постои независна Македонија. Замешана е обвинителката Јанева, целото Специјално јавно обвинителство, врвот на Владата и СДСМ, Зоран Заев и останатите. Нашата партија бара што побргу да се расчисти целиот случај и сите овие луѓе да поднесат оставки, а потоа и кривично да одговараат. Очигледно е дека Заев стои зад оваа афера и на сите начини ја контролира истрагата и ги штити актерите.

Бурно минато

Вели дека основачите на хуманитарната организација се всушност членови на СДСМ и најблиски луѓе на Заев.

Имаме случај каде преку хуманитарна организација која се вика Меѓународен сојуз перат брдо пари, а извесна Лилјана Тодоровска за проектот изградба на домови за стари лица добила дури 700.000 евра. Државното обвинителство беше само алатка во рацете на Заев за непречено да ги рекетира политичките неистомисленици и бизнисмени. Боки 13, според некои информации, изнудил 10 милиони евра, можетеда замислите колкави се тогаш бројките на останатите кои рекетираат за Заев, раскажува Арсовски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата