Ленче Ристовскa: Со панични движења подлабоко се тоне во живиот песок

17.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ленче Ристовскa: Со панични движења подлабоко се тоне во живиот песок

„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“. Ова е фејсбук-пост на обвинителката Ленче Ристовска, без назнака за кого се однесува ова.

По вчерашната наредба на шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева за претрес на обвинителите при влез и излез од зградата на СЈО, незадоволството меѓу вработените во обвинителството расте. Обвинителката Фатиме Фетаи бурно реагирала на оваа наредба на Јанева. Денеска и обвинителката Лиле Стефанова изјави дека неа никој нема да ја претресува.

Официјално, од службата за информирање на СЈО, таква наредба за претрес на вработените Јанева не издала. И конечно, од таа служба, по вчерашното упорно негирање на информацијата, денеска дојде потврдата дека Катица Јанева во вторник ќе биде на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал за случајот „Рекет“.

Досега, од СЈО петмина вработени добиле покана за распит за случајот „Рекет“. Досега изјави дале шефицата на кабинетот на Јанева и обвинителите Лиле Стефанова, Елизабета Јосифовска и Бурим Рустеми. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата