Харадинај: Територијалните претензии на Србија го блокираа дијалогот

16.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Харадинај: Територијалните претензии на Србија го блокираа дијалогот

Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, денеска преку „Твитер“ и одговори на српската премиерка Ана Брнабиќ, која рече дека косовските такси го оневозможиле дијалогот меѓу Белград и Приштина, пренесе агенцијата „Танјуг“.

Харадинај, пак, потенцира дека дијалогот бил блокиран поради територијалните претензии на Србија, а не таксите.

„Косово е суверена држава, меѓународно призната, со постоечки граници. Што побрзо тоа го прифатат Србија и Брнабиќ, тоа подобро за нив“, оцени косовскиот премиер.

Српската премиерка денеска рече дека таксите воведени од Приштина создале атмосфера во која не е можен никаков дијалог.

„Штом бидат укинати таксите и ние ќе бидеме подготвени за продолжување на дијалогот“, порача Брнабиќ.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата