Карапетров: Живот во Тетово

16.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Карапетров: Живот во Тетово

Убав неделен сончев летен ден во Тетово. Се будам, се облекувам и излегува , но ме враќа сопругата и ми го дава ѓубрето да го фрлам, го земам и одам, го фрлам во подземните континјери пред зграда.

Во истиот момент, поминува машина за метење улици и ја мете улицата, позади неа и цистерна која ја пере, понатака гледам и работник кој ги полева дрвцињата и цвеќињата на булеварот, а се чувствува и мирисот на свежо искосената трева. Во далечината гледам нов автобус како се приближува и застанува на новата автобуска постројка на стотина метри од мене.

Се враќам, ја палам колата која ја купив со субвенции од 3.000 евра и тргнувам, кај Авто прогрес вртам на кружен тек и возам по новиот булевар Благоја Тоска до кај градскиот пазар и вртам накај плоштадот, таму се паркирам на новата катна гаража и одам до банкомат да ја извадам мојата плата од 500 евра и платата од сопругата исто така од 500 евра, и со 1.000 евра во џеб радосен тргнувам накај мојот автомобил и по пат си велам тркни до новата читална, читни си нешто, и така јас си влегувам во новата огромна читална која сигурно собира стотина читатели, читам 50-ина минути и навраќам и до реновираната библиотека, од тука земам некоја книга, заминувам од катната гаража, плаќам паркинг и се упатувам накај спортскиот центар во доградената нова спортска сала да гледам утакмица на нашиот омилен клуб Тетекс.

Натпреварот заврши околу пладне, а времето надвор пеколно жешко и си велиме со другарите да тркнеме некој саат на новиот базен и одиме. Пристигнуваме кај базенот, кај тоа прекрасно велелепно здание налик на европските базени. После убаво поминатиот ден, сите околу 17 часот си заминуваме накај дома на ручек.Пристигнувам дома на ручек и договараме со сопругата да одиме на вечерна прошетка низ новата пешачка улица Борис Кидрич.

Во 19 часот тргнуваме на прошетка и пристигнуваме на улицата Борис Кидрич, пешачка улица со широки велосипедски патеки, неописливо прекрасно хортикултурно уредена, со урбана опрема, а патеките поплочени со квалитетен камен и по долгата прошетка седнавме во Симпл на кафе.

Во тие моменти, се будам од сон, се уште во наплив од позитивни емоции и восхит во каков убав европски град живеам јас, кога одеднаш погледнувам низ прозор и ги гледам преполните континјери, прљавата улица, искршените дрвца, непрописно паркираните возила и неутешно се враќам во суровата реалност.

Ниту дрвца, ниту цвеќенца, ниту подземни континјери, ниту машини за метење и перење улици, ниту нов булевар, ниту катна гаража, ниту читална, ниту реновирана библиотека, ниту нова спортска сала, ниту базен, ниту пешачка улица со велосипедска патека, нити нови автобуси, ниту автобуски постројки. Ништо од тоа !

п.с Ова можеше да биде реалност во Тетово, доколку се исполнеа ветувањата на ДУИ и СДС.

Ангел Карапетров
Претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата