Ова е ДОМОТ НА БОКИ 13, раскош на човек без школо, без трансакциска сметка и без професија

16.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова е ДОМОТ НА БОКИ 13, раскош на човек без школо, без трансакциска сметка и без професија

Аферата „Рекет“ не престанува да ја бранува јавноста, но и социјалните мрежи. Вистинско „цунами“ од твитови, постови, коментари, монтажи, фотографии… се случува Фејсбук, Твитер и Инстаграм… Боки 13, човек без школо, без конкретна професија, со трансакциска сметка која е блокирана пред очите на неговите пријатели од СЈО и од власта води живот кој во најмала рака е милионерски. И, тоа никој од власта не го забележал иако знаеле дека Боки 13 нема познат извор за легални приходи.

Во овој дом на Боки 13 на вечери доаѓале Радмила Шекеринска, Катица Јанева... 

Сега на сите им е добро позната локацијата на Боки 13, односно затворот во Шутка каде останува откако  му беше продолжен притворот за нови 30 дена.

Пред да одекне оваа „бомба“ во јавноста, Боки на големо уживаше во раскошот во комплетна смисла.

Неговиот дом се наоѓа во елитен комплекс во скопско Волково каде живее македонската елита.

Боки не криеше да покаже дека се’ што има во огромниот стан е скапоцено до најситен детаљ. Во една прилика на една од фотографиите каде позира во дневниот салон напиша:

-Стилот ви го покажува карактерот…За добар стил не ви се потребни пари, туку умеење и став, го пишуваше Боки рецептот.

Дали сеуште верува во таа своја изјава, не знаеме.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата