Захарова: САД и во минатото и денес крадат технологија од целиот свет

16.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Захарова: САД и во минатото и денес крадат технологија од целиот свет

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на „Фејсбук“ ја коментираше изјавата на американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, дека Русија прави хиперсонични ракети засновани врз украдена американска воена технологија.

„Ќе биде интересно да се пресмета колку и каква технологија украде САД од целиот свет. Ќе се позанимавам со тоа во моето слободно време. Испратете ми интересни историски факти и тековни податоци – ќе ги сумираме”, напиша Захарова во својата објава.

Таа потоа го искористи ваквото обвинување на Болтон да ги коментира и дипломатските односи меѓу двете земји.

„Ако Џон Болтон зборува за кражба, ќе потсетам дека Вашингтон ги украде зградите на Генералниот конзулат на Русија и резиденцијата на генералниот конзул во Сан Франциско, руската трговска мисија во Вашингтон, резиденцијата на генералниот конзул на Русија во Сиетл, како и две руски дипломатски институции во Мериленд и Њујорк“, напиша Захарова на „Фејсбук“, а пренесе агенцијата „Тасс“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата