Меркел планира средба со Џонсон во врска со брегзит

16.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меркел планира средба со Џонсон во врска со брегзит

Германската канцеларка Ангела Меркел сака во блиска иднина да се сретне со британскиот премиер Борис Џонсон за да разговатаат за брегзит и други прашања од заеднички интерес, изјави денеска портпаролот на германската влада во Берлин.

„Средбата би требало да се одржи наскоро“, рече портпаролот Штефен Зајберт, без да го прецизира датумот на состанокот, пренесе агенцијата АП.

Двајцата лидери ќе присуствуваат на Самитот Г7 во Франција, кој ќе се одржи од 24 до 26 август.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата