Клиника Жан Митрев: Остануваме отворени за третман на новороденчиња и деца до 18 години

16.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Клиника Жан Митрев: Остануваме отворени за третман на новороденчиња и деца до 18 години

Од клиниката Жан Митрев ја информираат јавноста дека таму непречено продолжуваат да се изведуваат сите услуги поврзани со вродените срцеви мани на новороденчиња и деца до 18 години.

„Во текот на вчерашниот ден е примено неонатално со телесна тежина од 1,2 килограми во нестабилна состојба, кое после 22 дена поминати на интензивна нега, е пренесено во нашата Клиника и во моментот се прават сите предоперативни анализи за да може да биде оперирано во текот на следната недела“, се наведува во соопштението на клиниката.

Во него се додава дека сите трудници кај кои е констатиран или ќе се констатира плод со вродени срцеви аномалии, како и досега, подлежат на бесплатни прегледи и се примаат во клиниката без никаков застој.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата