Кривична против кумановец поради предизвикување пожар

16.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кривична против кумановец поради предизвикување пожар

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ќ.(71) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

„На 05.08.2019 околу 11,00 часот во атар на село Орашац, кумановско, кај месноста викана „Косматица“, пријавениот, на парцели со лозје и житна култура, во негова сопственост предизвикал пожар, кој се проширил и зафатил површина од околу 15 хектари сува трева и ниско стеблести растенија“ соопшти МВР.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата