Индонезискиот претседател предлага преселување на престолнината од Џакарта

16.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Индонезискиот претседател предлага преселување на престолнината од Џакарта

Индонезискиот претседател предложи денеска главниот град да се пресели од пренаселената и загадена Џакарта, која има 10 милиони жители, на островот Борнео.

Сепак, тој не ја прецизираше точната локација на новата престолнина.

Во говорот пред парламентот, претседателот Jоко Видодо, во пресрет на Денот на независноста, предложи новиот главен град да се наоѓа на Калимантан, односно на индонезиската страна на островот Борнео.

„Затоа барам ваша дозвола да го преместите нашиот главен град во Калимантан“, рече Видодо.

„Главниот град не е само симбол на националниот идентитет, туку е и показател за напредокот на нацијата. Овој предлог би служел и за постигнување на економска еднаквост и правичност“, додаде тој.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата