Samsung подготвува големи надградби на камерите за Galaxy A линијата

16.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Samsung подготвува големи надградби на камерите за Galaxy A линијата

Освежената Galaxy A серија на Samsung е исклучително популарна ширум светот, а судејќи според најновите протечени информации, следните смартфони од Galaxy A линијата ќе имаат најмалку три камери на задната страна, а во некои случаи дури и четири.

Протечениот распоред пружа детали за секој Galaxy A телефон што е планиран за 2020. година, како и неговите конфигирации на камерите. Ќе постојат барем осум смартфони и седум различни главни камери – од 13MP до 18MP. Како и во текот на оваа година, ултрашироките сензори ќе бидат главна одлика на Galaxy A телефоните.

Од листата е видливо дека на моделите од понизок сегмент, како што се Galaxy A21, A31 и A41 им недостасува телефото опција на камерата и тие се држат до стандардниот и ултраширок сензор. Од друга страна, моделите од повисокиот сегмент (Galaxy A81 и Galaxy A91) ќе имаат телефото опции.

Galaxy A81 и Galaxy A91 исто така би требало да ги имаат новите ISOCELL сензори на Samsung: 64MP кој може да креира 16MP фотографии и 108MP кој креира 27MP фотографии.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата