Кој e Антоније Мариноски, новиот капетан на „Орка Холдинг“?

16.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кој e Антоније Мариноски, новиот капетан на „Орка Холдинг“?

Го нарекуваат охридското банкарско чудо – човекот што се истакнал на сите скалила во банкарската хиерархија на „Сосиете Женерал“ во земјава и во Албанија сега е соочен со нов голем предизвик – да ја води „Орка Холдинг“ фирмата која контролира или учествува во управувањето на 20 домашни компании членки на холдингот што го поседува семејството Камчеви

Амбициозен, регионално успешен банкар, чии менаџерски и финансиски вештини се препознаени и признаени на високи директорски позиции во најголемата француска банкарска групација „Сосиете Женерал“. Човекот што се печел на сите скалила во хиерархијата на македонската аквизиција на „Сосиете Женерал“. Антоније Мариноски, 47 годишен охриѓанец, оженет и татко на две деца, е новиот Извршен член на Одборот на директори на „Орка Холдинг“ компанија која контролира или учествува во управувањето на 20 домашни фирми. 
Мариноски на местото Извршен член на Одбор на директори во „Орка Холдинг“ доаѓа од позицијата член на Управниот одбор во „Охридска банка Сосиете Женерал“ на која бил од февруари годинава. Јордан Камчев останува на позиција Престедател на Одборот на директори на „Орка Холиднг“ и неизвршен член на директорскиот борд, со што практично го контролира холдингот. 

Во својата импресивна 21 годишна кариера во „Охридска банка“ Мариноски започнал од основната банкарска позиција – референт за издавање кредити во 1998 година по што напредувал во шеф на филијала во Скопје. Токму Мариноски, Французите од „Сосиете Женерал“ го препознале како исклучителен и во јуни 2006 година го назначиле за проект менаџер за процесот на превземање на „Охридска банка“ од страна на „Сосиете Женерал“. По успешната имплементација на тој процес Мариноски станува директор за корпоративно и за инвестициско банкарство па станува член на одборот на директори на „Охридска банка“ во октомври 2010 година. Во ноември 2013 година веќе е заменик на генералниот директор, а во април 2015 година е трансфериран да ја консолидиран албанксата аквизиција на „Сосиете Женерал“ како заменик генерален директор одговорен за бизнис банкарство. 

„Орка холдинг“ е најпозната компанија од сите фирми што ги поседува етаблираното македонско бизнис семејство Камчеви од кои во јавноста најпознат е Јордан (Орце) Камчев. Холдингот регистран за управувачки дејности кој има удели во 16 фирми и акции во 4 акционерски друштва лани годината ја заврши со добивка од 6,4 милиони евра. Според официјални податоци на независната ревизија објавени во извештајот за „Орка Холдинг“ за 2018 година друштвото управува со капитал вреден над 25 милиони евра. Воедно оваа компанија во банки има депозити вредни 4 милиони евра.

„Орка холдинг“ има удели во: „Кара“, ПЗУ клиничка болница „Аџибадем Систина“, Делта 2015 констракшн“, „Монт“, „Здравје Оптима Ростов“, Фондацијата Илија Камчев, ОК Ресторантс и Барс“, „ОК Хотел“, Транспорт, Травел, Бет Сити Интернешнл, „Систина Нефроплус Кавадарци“, „Аџибадем Систина Медикал компани“, „Систина Фармација“, ОК Идеа и Девелоп Груп. На крајот на 2018 година уделите односно вложувањата во овие фирми вредат 23 милиони евра. „Орка Холдинг“ поседува акции и во четири акционерски друштва: ЗК „Пелагонија“, „Стопанска банка Битола“, „Бетон“ Штип (во стечај) и во ФК „Пелистер“ од Битола.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата